×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријава за незаконска сеча на дрва

    17.03.2016 11:54 | KumanovoNews

     Против Ц.С.(60), лиценциран шумарски инженер од Куманово и Б.С.(62) од Берово, управител на ДПУП „Колос комерц Бранко“ ДООЕЛ – Куманово – Подружница „БС“ – Берово, поднесен е посебен извештај под сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Пријава за незаконска сеча на дрва

    Пријавените ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што Б.С. поднел барање за издавање на одобрение за сеча на дрвна маса во приватна сопственост за катастарска парцела во катастарска општина Берово, која според имотниот лист е во сопственост на правниот субјект „Балканска банка“ АД Скопје.

    Притоа кон барањето, како доказ за правото на сопственост, приложил неважечко полномошно издадено од 1999 година, иако во текот на 2003 година во правниот субјект „Балканска банка“ АД Скопје е извршена промена на сопственичката структура, по што е сменет називот на правниот субјект во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.

    Поради тоа во постоечката евиденција на банката за издавањето на гореспоменатото полномошно во службените материјали на Банката не е евидентирано продолжување на важноста на истото од 1999 година, а ниту пак е издадено ново полномошно на второпријавениот Б.С. Од страна на првопријавената, која постапувајки спротивно на Законот за шуми, а по претходно наложување од страна на второпријавениот, му издала одобрение за сеча на дрвна маса во приватна сопственост, со што му овозможила и одобрила да изврши сеча на 779 м3 букова дрвна маса.