×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за кумановецот што уби жена во Охрид

    23.02.2017 11:58 | KumanovoNews

     Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, на Јосип Кузмановски од Куманово, осомничен за убиството на неговата соседка во Охрид, што се случи во понеделникот.

    Притвор за кумановецот што уби жена во Охрид

    Кумановецот е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.

     Убиството се случи во понеделникот напладне, кога пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, отишол во станот на Спаса Б. (67), на улицата „Галичица“ во Охрид.

    Откако влегол со метален предмет-шипка ја удрил неколку пати во пределот на главата. По ова извршил пребарување во станот одземајќи мобилен телефон и 3200 денари. Забележал дека жената се уште е жива, од кујната зел нож и ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот  по што  го напуштил станот

    Ппобегнал во Куманово, од каде имал намера да замине во странство, но бил откриен и приведен.