Притвор за таткото кој силувал ќерка
09.01.2017 09:33
| KumanovoNews
М.Д. од Куманово доби 30 дневен притвор откако било пријавено дека ја силувал 12 годишната ќерка.

Обвинителството побарало, а судија на претходна постапка го прифатил предлогот таткото да биде притворен за родосквернавење.
Случајот со силуваното 12-годишно девојче од Куманово го пријави нејзината тетка, на која малолетничката ѝ кажала дека татко ѝ ја силувал, но молчела од страв бидејќи и се заканувал.