Продолжи протестот на шарените револуционери
04.05.2016 19:44
| KumanovoNews
Со скандирање „Нема прaвда! Нема мир!, Оставак, оставка!„, кумановци вечерва продолжија со „Шарената револуција„.

Протестантите во 18.30 часот се собраа пред Основниот суд Куманово, а потоа мирно прошетаа по улиците „Гоце Делчев“, „Трета МУБ“, пред гимназијата „Гоце Делчев„, улицата Моша Пијаде и преку Градскиот плоштад се вратија на местото од каде тргнаа.
„Бараме претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција, да се одложат изборите до прочистување на избирачкиот список и да се регулираат медиумите. Додека не се исполнат овие барања остануваме на улица, - порачаа кумановци.