×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжи судењето за Диво насеље

    14.07.2016 13:52 | KumanovoNews

    Во Кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа по предметот поврзан со настаните од кумановската „Дива населба“, на која обвинетите се пожалиле на здравствени проблеми како резултат на транспортот од затворските установи.

    Продолжи судењето за Диво насеље

    Нивните бранители побарале одложување на расправата, заради што Судечкиот совет за кратко ја прекинал расправата и веднаш повикал итна медицинска помош, бидејќи покрај здравствените проблеми обвинетите се пожалиле и на надворешни повреди, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

      По преглед на доктор од итна медицинска помош, докторот кажал сите шест обвинети немаат никакви видливи надворешни или други повреди и во моментот се способни да го следат судењето.

    По добивање на извештајот, судечкиот совет констатирал дека не постојат причини  расправата да биде одложена, па затоа со одлука на Советот главната расправа продолжила со распит на заштитени сведоци, како што било планирано, поради што истата е затворена за јавноста.