Продолжува маршот „За заедничка Македонија“
17.03.2017 09:59
| KumanovoNews
Кумановци и синоќа се приклучија на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарниот карактер на државата и против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на тиранската платформа.

Протестот започна од булеварот „Октомвриска револуција“ и продолжи кон централно градско подрачје, а заврши пред Центарот за култура. Таму се обрати Тони Чатлоски, кој рече дека секој ден се повеќе граѓани од различни возрасти се приклучуваат кон одбраната на татковината и идентитетот.
Протестен марш е најавен и за денеска oд пред црквата „Свети Никола“ во Куманово.