×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува маршот „За Заедничка Македонија“ во Куманово

    28.03.2017 08:40 | KumanovoNews

    Кумановци и синоќа излегоа на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

    Продолжува маршот „За Заедничка Македонија“ во Куманово

    Тргнаа од булеварот „Октовмриска револуција“, поминаа по улиците во централното градско подрачје и завршија пред Центарот за култура.

    На присутните им се обрати пејачот Орце Стефковски, кој истакна дека мора да надвладее разумот за да се одбрани татковината и да се зачува земјата, која во минатото била делена.

    Граѓаните порачаа дека не сакаат двојазична Македонија, бинационална држава која води кон разнебитување и федерализација.