×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува штрајкот на судската администрација

    31.05.2016 15:44 | KumanovoNews

    Осум дена трае штрајкот на судската администрација, а надлежните од Министерството за првда сеуште не прифаќаат да разговараат за исполнување на барањата.

    Продолжува штрајкот на судската администрација

    Од синдикалната организација на Основен суд Куманово велат дека сите вработени во судската администрација го подржуваат штрајкот и ќе опстојат се до исполнување на нивните барања.

    Притисоци од страна на судиите и претседателот на судот немаме, а единствено како притисок може да го сфатиме тоа што од Републичкиот судски совет бара да потпишат изјави сите кои што штрајкуваат. Ниту еден вработен во Основен суд Куманово до денеска ја нема потпишано изјавата и нема да подлегмене на никакви притисоци,- изјави Синиша Ќириќ, претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово и претседател на штајкувачки одбор.

    Штрајкувачите бараат зголемување на платите за 30 одсто, измени на Законот за судска служба и промена на работното време.

    Во судот се работат само итни предмети, времени мерки, притвори и предмети со странски елемент.