Продолжува судскиот процес за Диво насеље
Денеска во Врховниот суд продолжува судењето против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба, кои се случија во мај минатата година.

Пред Судскиот совет ќе сведочат полицајци кои учествуваа во акцијата.
Обвинетите се обвинети за тероризам и учество во терористичка организација.
Тие се изјаснија дека се невини и побараа случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство.
На 9 и на 10 мај минатата година во населбата Тоде Мендол вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.