Проект „Со пристап позитивен до наставник инклузивен“
Заврши проектот „Со пристап позитивен до наставник инклузивен“ во основното училиште „Крсте Мисирков“.

Проектот имаше за цел да ги промовира: почитувањето, разбирањето и помагањето на секој ученик со различните проблеми и потреби кои тој ги има во воспитно образовниот процес. Почитувањето на различните култури, различни способности и афинитети на учениците како и разлики според социјлниот статус на семејството на ученикот, исто така беа опфатени во програмата. Проектот предвидуваше повеќе работилниците, хуманитарните акции и кампања „Подај рака – другарчето те сака“, а најдобрите ученици беа пофалени. Учество зедоа ученици од различни култури: македонска, ромска, српска, како и со различни способности и социјален статус.
На настанот беа присутни повеќе од 220 гости и учесници: ученици, родители, партнерски училишта, како и покровители на проектните училишни иницијативи.