×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени првенци на генерацијата

    23.05.2016 16:00 | KumanovoNews

    Прогласени се 27 првенци на генерацијата во учебната 2015/2016 година во основните и средни училиште во Куманово и Старо Нагоричане. Манифестацијата секоја година ја организира Здружението на просветни работници со подршка на локалната самоуправа, по повод Денот на словенските просветители „Кирил и Методи„.

    Прогласени првенци на генерацијата

    Ученици на генерцијата во основните училишта се: Сара Трајковска- ОУ „Крсте Мисирков“, Милан Тодоровиќ- ОУ „Кочо Рацин“, Глорија Спасовска - ОУ „Христијан Карпош“, Јована Божиновиќ- ОУ „Браќа Миладиновци“, Марија Трајковска- ОУ „Вук Караџиќ“, Тамара Ивановска- ОУ „Толи Зордумис“, Марија Јовановиќ- ОУ „Христијан Карпош“, Умин Дол, Илир Илмани- ОУ „Бајрам Шабани“, Аулона Камбери -ОУ „Наим Фрашери„, Ребека Колевска- ОУ Кирил и Методи„ Клечовце, Викторија Стојановска-ОУ Битолски Конгрес, Лопате, Матеј Томевски- ОУ „Кирил и Методи“ Романовце, Елиза Муслиу-ОУ „Едорин Дерада“ Черкеско село, Тијана Петковска- ОУ „Браќа Рибар“ Табановце, Мила Стошевска-ОУ „Магдалена Антова“ Карпош, Петар Стојановиќ-ОУ „11 Октомври“, Симона Милутиновиќ- ОУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричене, Милан Величковски- ОУ „Х.Т. Карпош„ Младо Нагоричане, Ангел Ангеловски- ОУ „Х.Т. „Карпош“ Драгоманце. 

    Најдобри средношколци:

    Ана Илиевска и Филорета Куртиши - Техничко училиште “Наце Буѓони„, Астрим Азири-гимназија Сами Фрашери, Драгана Илиевска-земјоделско училиште „Киро Бурназ„, Александрија Петрушевиќ и Бењане Реџепи - „Перо Наков„ и Елена Тодоровска-гимназија „Гоце Делчев“.

    Најдобрите поединци ги поздрави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и претседателката на Здружението на просветни работници Лидија Николовска Георгиевска, кои им посакаа многу успех во натамошното школување, бидејќи тие се идните градители на градот и државата.