Промоција на книгата „Дрво кое шепоти“
13.07.2016 06:44
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер ќе се одржи промоција на книгата „Дрво кое шепоти“ од Борис Митковски.

Во книгата се објавени 150 хаику песни пишувани во последните неколку години.
Промотори на книгата ќе бидат д-р. Џеси Франсоа теолог од Сорбона и Душко Крстевски, поет и литературен критичар.
Промоцијата е закажана во фоаето на Центарот за култура со почеток во 19.30 часот.