Промоција на збирка песни „Страната на срцето“
30.05.2016 08:39
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката поезија „Страната на срцето“ од Лидија Максимовиќ.

Првата книга на авторката содржи 79 претежно љубовни песни што ги пишувала во изминатите години.
Промотор на книгата ќе биде Анита Цветковска, професорка по македонски јазик во гимназијата „Гоце Делчев“, а водител Фросина Милошевска, професорка во „Перо Наков“.
Промоцијата ќе се одржи во фоаето на Центарот за култура.