×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран јубилејниот 50-ти, последен број на „Корени“

    19.04.2016 11:47 | KumanovoNews

    Со многу емоции и сеќавања помина промоцијата на јубилејното 50-то издание на списание Корени. Тоа го предизвика сознанието дека по 15 годишна напорна работа и борба за опстанок, поради финсиски проблеми списанието ќе згасне.

    Промовиран јубилејниот 50-ти, последен број на „Корени“

    Претседателот на друштвото „Парадигма“ и уредник на Корени, Димитар Масевски, во своето обраќање потсети дека се почнало од истото место каде што ќе заврши.

    Некаде пред 15 години, токму во оваа сала на овој подиум го промовиравме првиот двоброј на списанието Корени.После  15 години го промовираме 50-број, финалето на овој проект. За жал морам да кажам дека Корени повеќе нема да функционира како досега. Можа да се јаватповремено, по некое издание по некој посебен повод, но само толку“, - рече Масевски.

    За своето  15 годишно постоење, Корени стори многу за афирамцијата на градот и многу луѓе на просторите на бивша Југославија. Собра многу книжевен матерјал и стана книжевен архив на Куманово. Бидејќи се што се создало има свој век, така и вљубениците во книжевнсоа се надеваат дека ќе се роди некое ново списание кое ќе ја продолжи започната мисија на Корени.

    Маја Јакимовска Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература и универзитески професор на куртолошките студии при институтот, една од уредниците на Корени, се осврна на пеесетиот број и го презентираше развојот на кумановската кафеана и хотелиерство.

    Последниот пеесети број,како јубилеен посветен е на еден значаен проект за урабното и за етно живеење на град Куманово, целосно посветен на кумановската кафеана. Она што сакам да го истакнам Димитар Масевски како познат наш публицист работеше напорно по архивите прибирајќи архивски материјал по турските девтери сопственост на отоманските архиви во Цариград,- рече Јакимовска Тошиќ.

     Таа посочи дека во Куманово кафеаната имала големо значење за сите облици на живеење.Опфатен е периодот од 160 години, од средината на 19 преку целиот 20, како и првата деценија од 21 век, помеѓу двете светски војни. Во Куманово има преку 73 угостителски објекти.

    На промоцијата беа доделени наградите на победниците на минатогодишниот конкурс на есеите.Наградата за најдобар есеј од конкурсот мартовски есеи му припадна на писателот Христо Петревски. Фахри Каја, турски автор, кумановец по потекло доби посебно признание и графика од Корени.