×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран проектот за реконструкција на канализациoната мрежа

    05.10.2016 13:51 | KumanovoNews

    Со 4.3 милиони евра, средства добиени преку ИПА проект ќе се реконструира и проширува канализациската мрежа во општина Куманово во должина од 24 километри. 

    Промовиран проектот за реконструкција на канализациoната мрежа

    Проектот денеска го промовираше амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, со министрите за животна средина и просторно планирање Башким Амети, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и градоначалникот Зоран Дамјановски.

    „Овој проект ќе ја подобри животната средина и ќе ги намали ризиците од појава на заразни болести. Со квалитени  канализациони системи се намалува и ризикот од поплавите во урбани средини и нанесување на штети на јавната и приватната сопственост при поројни дождови“, - истакна амбасадорот Жбогар.

    Со реализација на овој проект се очекува да се надминат постоечките проблеми на старата канализациона мрежа, и да се извршат нови приклоци на населбите кои досега не биле дел од системот. Со тоа ќе се создадат услови за приклучување на пречистителната станица.

    „Со овој проект се обновува 12 одсто од вкупната канализациона мрежа на градот. Овој проект е од фундаментално значење, најголем во последните 15 години од областа на комуналната сфера во општината Куманово. По  завршување на проектот ќе се создадат услови за изградба на патната инфраструктура и подобрување на условите на живот во сите сфери на урбаното живеење , - изјави градоначалникот Дамјановски.

    Проекот треба да заврши до крајот на 2018 година.

    Министерите најавија и други проекти за изградба на водоводен и канализациски ситем и пречистителни станици во регионот.