Пронајден мртов маж облеан во крв
18.04.2016 07:31
| KumanovoNews
Маж на возраст од околу 60 години утринава е пронајден мртов пред дуќаните на првиот кат од зградата спроти општината Куманово, кај т.н. паркинг кај шверцери.

Според очевидци, безживотното тело било облеано со крв по главата. Во 8.15 часот го пронашол еден од сопствениците на локалите кога пристигнал на работа. Веднаш била известена полицијата која врши увид на лице место, по што ќе се знаат причините за смртта на човекот. Неофицијално дознаваме дека живеел во зградата пред која е пронајден.