×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првични неофицијални информации на СДСМ

    11.12.2016 19:38 | KumanovoNews

    Tесна e разликата на гласови помеѓу двете најголеми партии во општината Куманово, според податоците на прес центарот на изборниот штаб на СДСМ од Куманово.

    Првични неофицијални информации на СДСМ

    Првичните неофицијални  информации што пристигнуваат од членовите на избирачките одбори покажуваат дека во блага предност е носителот на листата на коалицијата на СДСМ, Оливер Спасовски.

    Во 20 часот Спасовски  води со 3.326 гласови,  Тодоров  има 2.980 гласа.

    Станува збор за првични резултати од до сега обработени 30 избирачки места во Куманово.

    Тесна е разликата и  помеѓу ДУИ и БЕСА. БЕСА има 425 гласови, додека ДУИ има 421 глас, а зад нив е ДПА со 171 глас. Алијансата за Албанците е со 145 гласа, а коалицијата ВМРО за Македонија вкупно 98.

    Неважечки се 407 гласови.

    Во Старо Нагоричене ВМРО-ДПМНЕ води  двесетина гласа пред СДСМ.

    Од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ засега не соопштуваат резултати од нивното пребројување.