×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ранец пред банкомат предизвика паника во Куманово

    31.12.2016 14:57 | KumanovoNews

    Синоќа во центарот на Куманово поради оставен ранец пред банкомат,  кумановската полиција блокирала дел од центарот на градот.

    Ранец пред банкомат предизвика паника во Куманово

    Околу 20 часот пред банкоматот на „Уни Банка“ лоциран во централното градско подрачје во Куманово полициски службеник забележал оставен црн ранец, соопшти денеска МВР.

    Тој го пријавил случајот во СВР Куманово, но десетина минути потоа се јавил сопственикот кој кажал дека го заборавил ранецот пред банкоматот.

    Заборавениот ранец предизивика сомневања кај кумановци, кои во тој период поминуваа во централното градско подрачје.