×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Речица ќе добие канализација до есен

    30.07.2016 12:18 | KumanovoNews

     Селото Речица до есен ќе се приклучи на градската канализациона мрежа.

    Речица ќе добие канализација до есен

    Пред неколку дена започна изградбата на канализационата мрежа во должина од 2500 метри, што ќе го поврзе селото со главниот колектор на улицата Никола Тесла.

    Ќе се изгради главниот вод низ селото и гранки до секое маало, од каде жителите ќе можат да ги приклучат своите домаќинста. Вредноста на проектот е 400.000 евра обезбедени од Европска банка за обнова и развој. Се надевам дека до есен работите ќе бидат целосно завршени, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Општината Куманово изработила проектна документација, извршила ревизија и ја исплатила  експропријација на земјиштето каде поминува канализациониот систем, што се заедно ја чини околу 100.000 евра.

     По отпочнување на работите на терен, дел од сопствениците на имотот не дозволиле механизацијата да влезе во нивните ниви за да не ги уништи посевите. Поради тоа работата е стопирана. Градоначалникот се надева дека проблемот наскоро ќе се надмине и работите ќе продолжат, бидејќи тоа е во интерес на жителите на Речица.

     Европска банка за обнова и развој обезбеди 4,5 милиони евра за изградба на канлизациона мрежа во неколку кумановски села.