×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реновиран поранешниот Дом на АРМ

    01.04.2016 14:51 | KumanovoNews

    Управните служби на СВР Куманово и Државниот архив, ќе се преселат во реновираните простории на поранешниот Дом на АРМ во Куманово.

    Реновиран поранешниот Дом на АРМ

    Реновирањето на зградата траеше 8 месеци, а за целиот проект  потрошени се 42 милиони денари.

    “Темелно се реконструирани и обновени 2700 метри квадратни простор. Првото ниво е на МВР каде што ќе се вршат граѓански работи поврзани со издавање на лични документи и патни исправи, а другите две нивоа ќе бидат за Државниот архив, каде се чува огромен матерјал, архивска граѓа, којашто ќе се собира од овој град и од целиот регион. Се направи нешто што многу се разликува од она што беше предходно,- изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на свеченото пуштење во употреба на објектот.

    Домот на АРМ, откако го напушти армијата, беше сврталиште на бездомници и корисници на дрога, а неколку пати беше и подметнуван пожар. Зградата беше целосно руинирана и оштетена. По реновирањето преставува еден од најрепрезентативните објекти на влезот во градот.