Ретроспективна изложба на Мишо и Урош Вељковиќ
11.05.2016 13:38
| KumanovoNews
Во Изложбениот салон на Уметничката галерија Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики од авторите Мишо и Урош Вељковиќ.

Ќе бидат изложени повеќе од 30 ликовни дела, по повод 45 години творештво на ликовниот уметник Мишо Вељковиќ, односно 15 години творештво на неговиот син Урош Вељковиќ.
Изложбата ќе биде поставена до 20. мај.