Шабани: Функционираме во вонредни услови
Од почетокот на месецот не работи пајак службата а нема канџи за возилата нан кои газдите не платиле паркинг услуга

Службите на ЈП „Куманово паркинг„ функционира во вонредни околности кои ги диктираат временските услови што ги зафатија државата и регионот, одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ директорот Фадиљ Шабани. Тој објасни дека поради снегот на паркинг местата, од почетокот на месецот не ги санкционираат граѓаните кои не плаќаат паркинг услугите, а возилото на пајак службата не е на терен затоа што не го дозволува состојбата на улиците.
„Овој месец не сме санкционирале ниту еден граѓанин. Совесните граѓани кои ги користат паркинг просторот пуштаат смс пораки и плаќаат, тие што не плаќаат не ги санкционираме. Менаџерскиот тим одлучи овој месец да не ставаме канџи на возилата и тоа ќе трае до крајот на неделата, - изјави Шабани.
Тој се надева дека на почетокот на наредната недела сите улици во градот ќе бидат расчистени и ќе започнат нормално да работат. Загубите во претпријатието од намалената наплата за паркинг, поради нерасчистените улици од општината Куманово, директорот вели дека ќе ја надоместат со реорганизација во самата фирма.