Саем на мали бизниси од североисточниот регион
14.06.2016 09:41
| KumanovoNews
Саемот на мали бизниси од Североисточниот регион на Македонија утре ќе се одржи во Скопје.

На саемот ќе учествуваат општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце, кои ќе изложат и ќе продаваат производи карактеристични за регионот. На посетителите ќе им бидат понудени автентични локални вина, суџук, сирења, кашкавали, мед, тестенини, зачини, накит и облека, и туристички дестинации. Влезот е слободен, а саемот ќе биде отворен во среда од 12 до 20 часот и во четвток од 12 до 18 часот.