Саем за вработување ќе се одржи во Куманово
09.11.2015 10:26
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во среда во 11 часот, свечено ќе биде отворен саем за вработување во Куманово, организиран од Агенцијата за вработување на Македонија.

На саемот ќе присуствува Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување. Во 12 часот ќе има форум со работодавачи, а во 13 часот ќе бидат присутни и младите кои бараат работа. На саемот ќе учествуваат 40 фирми од нашиот регион од различни дејности.