×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сајтот на општината не се ажурира редовно

    21.06.2016 09:04 | KumanovoNews

    Интернет страницата на Општината Куманово ретко се ажурира.

    Сајтот на општината не се ажурира редовно

    На ова се почесто се жалат граѓаните, правните субјекти, но и невладините организации.

    „Како пропуст забележавме дека веб страната на општината редовно не се надополнува со сите оние службени гласници, па мора да користиме приватни врски и да одиме во општината да ги бараме, наместо да ги  најдеме на страницата. Тоа е посебнио важно за нас, - велат од невладините организации.

    „Интернет страницата е место каде треба да се информираме за работата на локалната администрација, градоначалникот и советот, но таму треба да ги најдеме и услугите кои ги врши општината. Бидејќи нема секојдневно поставување на информации ретко го отворам и не сум задоволна,- вели Александра С.  

    На страницата kumanovo.gov.mk, последната информација е објавена на 9 јуни, за осветување на црквите во селото Горно Којнаре и Пчиња. Веќе 12 дена нема нови активности.

    Во општината Куманово функционира одделение за информирање на јавноста и во него се вработени неколку луѓе кои треба редовно да го ажурираат сајтот.