Сакал да го убие поради сообраќајка
Два куршуми од пиштол завршиле во возило на кумановец, по кавга заради сообраќајна несреќа.

Инцидентот се случил вчера во 19 часот на ул.„Тоде Мендол“, кога Р.З.(50) пукал кон Б.Р.(26) додека се возел во неговиот „Пасат“ со кумановски регистарски ознаки. Во возилото се наоѓал и сопатникот С.М.(25) од Куманово. Притоа два проектила го погодиле возилото, во предната лева врата и задното лево светло, а патниците останале неповредени. Причина за нападот била претходна расправија поради направена сообраќајна незгода. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.