×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само 12.000 граѓани пријавиле приходи во УЈП

    10.03.2016 18:40 | KumanovoNews

    Во даночното одделение Куманово заклучно со вчера примени се 11 981 годишна даночна пријава.

    Само 12.000 граѓани пријавиле приходи во УЈП

    Обврска да пријават приходи имаат сите граѓани кои што освен од плата, пензија или од земјоделска или самостојна дејност, во 2015-та година оствариле и приходи од кирии, издавање на имот под закуп, авторски права, индустриска сопственост, исплата на дивиденди, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот , добивка од наградни игри во износ поголем од 5000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани интернет страни, лични примања од странство, работно ангажирање во амбасади, мисии на меѓународни организации и слично.

    „Граѓаните кои во 2015-та година оствариле приходи по основ на надоместок од договор за дело, авторски договори и други договори за кои постоеше обврска за плаќање на социјални придонеси за т.н. хонорарци согласно одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 01.01.2015 година до 31. 07. 2015 потребно е да се искажат соодветно и во годишната даночна пријава во зависност од видот на исплатата. Работодавецот и фирмите кои вршеле исплати на приходи во изминатите години имаат законска обврска најдоцна до 25 јануари 2016-та година да извадат збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2015 година„,- изјави Стефан Симоновски, даночен самостоен советни во УЈП, Куманово

    До 15 март треба да се пријават и приходите остварени преку интернет, информираат од  УЈП.

    „Граѓаните имаат  обврска да ги пријават приходите остварени преку интернет, е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни како што се фриленсер, аплоуд и други, поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози дојави на типови за спортски натпревари, и други дополнителни приходи надвор од нивните плати или пензии„,-изјави Сузана Стошевска – Николовска, координатор на Даночно одделение Куманово и регионален портпарол на Регионална дирекција Штип .

    Работното време на УЈП даночно одделение куманово е од понеделник до петок од 8,30 до 18 часот и сабота од 8.30 до 14. Постои можност годишните даночни пријави да се пратат преку е-даноци и преку пошта.

    Во врска со поднесувањето на годишна даночна пријава и пријавување на приходите, денеска во УЈП Куманово се одржа обука на книговодителите. Инаку, надлежните посочуваат дека  управата за јавни приходи воспоставила пракса за обуки и едукации на сметководителите на теми кои се актуелни во тековниот месец, а таквите активности ќе продолжат  и во наредниот период.