СДСМ: Ќе го вратиме заедништвото во државата
Во процесот на образование, од градинка преку основно и средно до високото образование, треба да се градат вредности што ќе спојуваат и ќе градат заеднички живот.

„Оваа неодговорна власт успеја за овие 10 години да направи раздор меѓу луѓето, да го подели општеството и по етничка, политичка и по секаква друга линија. Едноставно создаваше и градеше омраза и поделби. Ние во нашата програма, а и владата што ќе ја формираме по изборите на 11 декември, најголемо внимание ќе обрнеме на соживотот, преку мерки, проекти и програми кои ќе бидат имплементирани пред се во образовниот систем. Во процесот на образованието, од градинка преку основно и средно до високото образование, треба да се градат вредности што ќе спојуваат и ќе градат заеднички живот.Тоа се универзалните демократски вредности, слобода, толеранција, заедништво, да се почитуваме и соработуваме, -изјави на денешната прес-конференција Петар Атанасовски, член на извршен одбор на СДСМ, претседател на Комисијата за образование.
СДСМ за своите членови денеска организира трибина за проблемите во образованието на која ќе зборува Атанасовски.