СДСМ ќе пали бадников оган на Градскиот плоштад
05.01.2017 11:46
| KumanovoNews
СДСМ ќе организира палење на бадников оган на Градскиот плоштад

Општинската организација на СДСМ и годинава организира традиционално палење на бадников оган на Градскиот плоштад во Куманово.
По 23-ти пат на сите граѓани утре ќе бидат поделени осветени бадникови гранчиња, лепчиња со еден златник и десет сребреника и топли напитоци. Традиционално одбележување на бадниковата вечер ќе започне во 21 часот. На овој празничен ден од свое лично име и од името на Општинската организација на СДСМ ги повикувам сите наши сограѓани во мир, радост и спокој да го дочекаме Христовото раѓање, - изјави Томица Илиќ, секретар на СДСМ Куманово.