×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ги повикува граѓаните да не потпаѓаат под провокации

    01.04.2017 13:59 | KumanovoNews

    Од општинската организација на СДСМ Куманово, во писмена реакција одговорија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ да не се злоупотребува во партиски цели тргањето на македонското знаме од јарболот во центарот на градот.

    СДСМ ги повикува граѓаните да не потпаѓаат под провокации

    „Веќе на народот се му е јасно што се случува во државата. Познати му се сценаријата што ги правите, посебно на овој град. Оставете го Куманово на кумановчани. Тие во изминатиот период покажаа како се чува и брани мултикултуризмот и соживотот во овој град, - стои во соопштението.

     СДСМ го осудува симнувањето на државното знаме на Република Македонија од јарбол во центарот на Куманово и ги повикува надлежните што поскоро да го решат случајот.  

    „Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се. Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски на неговата ВМРО-ДПМНЕ, кои на овој начин гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали, - додаваат од СДСМ.