СДСМ на средби со граѓаните ја презентира програмата
СДСМ на средби со граѓаните и на трибини ќе ја презентира програмата „Визија за Македонија“.

„Денес од Куманово започнуваме серија трибини каде ќе ги претставиме нашите идеи за обнова и промени во Македонија, но ќе бараме и критика и размислување од граѓаните. Тоа што ќе ги води промените е намалување на нееднаквоста и непрвадата во ова општество. Како да се намали јазот помеѓу една мала група на многу богати и останатите граѓани. Односно како да се зголеми животниот стандард и да се врати средната класа во Македонија. Мораме да ја одземеме моќта на власта и да поставиме сериозни механизми за нивна контрола, независно судство, слободни медиуми, силен граѓански сектор. Ние сметаме дека прво треба да се обезбеди транспарентно трошење на парите на граѓаните и второ изградба на цврста основа на домашни претпријатија“,- рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија во СДСМ.
Членовите на СДСМ остварија средба со граѓаните на Бабин Дол, Средорек и Карпош. Вечерва во 19.30 часот ќе се одржи трибина во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, на која ќе говори лидерот Зоран Заев.