СДСМ со новогодишна честитка до граѓаните
Општинската организација на СДСМ на сите граѓани на Куманово им ја честита Новата 2017 година.

„Заминува 2016 година исполнета со бурни настани, година која остави трага во севкупното живеење во Македонија. Очекуваме 2017 да биде година на промените, година на позитивните процеси во Македонија, година каде што сите ние ќе живееме поубаво. Ќе работиме на тоа Македонија да стане пристојно место за живот, младите својата иднина да ја гледаат тука преку подобрување на севкупните процеси вклучително и најзначајниот, а тоа е економскиот просперитет на државата и на граѓаните. Да дадеме подеднаква шанса на секој и сите заедно да го вратиме единството помеѓу граѓаните. Ви посакуваме здравје, среќа и убави моменти во Новата 2017 година, - стои во честитката на СДСМ.