СДСМ со Велигденска честитка до граѓаните
29.04.2016 10:38
| KumanovoNews
Социјалдемократскиот сојуз на сите граѓани кои го празнуваат им го честита претстојниот голем христијански празник христовото воскресение Велигден.
„Им посакуваме на сите граѓани да ја пронајдат својата среќа и благосостојба во домот и семјеството. Со желби за успех, здравје и лична среќа. Денешново време е време на големи животни предизвици на секое поле, но сигурни сме дека граѓаните и народот во Македонија ќе го пронајдат вистинскиот пат по кој ќе почне да се движи Македонија.Секој предизвик е можност за нов почеток од кој ќе извлечеме поука и ќе подолжиме понатаму.Понатаму, каде ќе градиме општество втемелено на почит, разбирање и заедништво, - стои во честитката на СДСМ.

