СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника па не знае што прави
Од општинската организација на СДСМ и возвратија на ВМРО-ДПМНЕ, дека со секојдневните пресови и обвинувања само ја лажат јавноста и ја извртуваат вистината, по обвинувањата дека СДС се претворила во насилничка партија.

„Крајот ви се гледа, господа од ВМРО-ДПМНЕ.Веќе незнаете ни што зборувате, ни што правите. Го држите народот во заложништво, му ја уништувате државата, единството и слободата.Влијаете врз работата на институциите, навредувате личности и измислувате лаги кои никаде нема да ве одведат, - стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека секој кој е виновен ќе одговара пред институциите кои ќе работат според законот на Република Македонија.