×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ започнува акција „Моето маало“

    23.09.2016 15:12 | KumanovoNews

    Изборниот штаб на СДСМ од утре ќе започне со реализација на еколошки проект кој се нарекува „Моето маало“.

    СДСМ започнува акција „Моето маало“

    Проектот предвидува уредување на зелени површини во неколку населби и месни заедници.

    „Акцијата ќе се организира со јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, здружението на граѓани Кумановски акцијаши. Започнуваме со населбата „Гоце Делчев„ со поставување на фонтана, клупи и садење на дрвца.Оваа акција е организација на СДСМ и сретствата се обезбедени од членовите на партијата. Со ова покажуваме дека се грижиме за разубавување на урбаните заедници. Во соработка на месните заедници во наредниот период ќе ги утврдиме следните наши приоритети, - изјави Мартин Костовски, шеф на изборниот штаб на СДСМ.

    Тој ги повика граѓаните од Гоце Делчев утре во 11 часот на м.в. Кошеви да се вклучат во акцијата за расчистување на околината.

    Следната  акција ќе се организира во населбата Средорек, БС Гојчо, Зелен рид, Панче Пешев и на други места.