Се асфалтира “Страшо Пинџур„
18.08.2016 10:48
| KumanovoNews
Се асфалтира улицата „Страшо Пинџур„ , која ја спојува населбата Зелен Рид со Бабин Дол. Улицата е во должина од 520 метри.
„Ќе се изврши санација и реконструкција на површина од 2800 метри квадратни.Ова е фреквентна собраќајница која го скратува патот помеѓу неколку населби и конечно овој проблем ќе се реши на иницијатива на граѓаните од Бабин Дол и Биљановце„, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Реконструкцијата ќе чини околу 15.000 евра.