Се чисти дивата депонија во „Перо Чичо“
11.04.2016 13:35
| KumanovoNews
Започна чистењето на дивата депонија под железничката пруга во населбата Перо Чичо.

Натрпаниот смет и шутот се изнесува на депонијата Краста.
Овде е жива рана, кажано со медицински речник. По седми пат ја организираме оваа акција за да го отстраниме сметот и шутот од оваа локација. Апелирам, ова ќе биде последен пат да го чистиме ова место, бидејќи парите на граѓаните ги трошиме непопуларно“,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
За таа намена ќе бидат потрошени околу 200 илјади денари, а се планира да се изнесе помеѓу 400-500 кубика смет.