Се испотепале соседи заради пат
04.10.2016 15:08
| KumanovoNews
Две семејства од кумановското село Романовце се испотепале поради патот кој поминува покрај нивните куќи.

Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, поради нерасчистени соседски односи настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка во која учествувале Д.К. со неговите синови од една страна и Ф.Г. со неговиот син од друга страна. Во тепачката Д.К. и синовите се здобиле со повреди во пределот на главата и телото, а Ф.Г. со во пределот на главата. На истиот му била укажана лекарска помош во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување. СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.