×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа дебата за креирање младински политики

    22.09.2016 12:21 | KumanovoNews

    Во Едукативниот центар “Млади за млади“, Старо Нагоричане, денеска се одржа јавна дебата на тема “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“, како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија.

    Се одржа дебата за креирање младински политики

    Како дел од проектот е спроведено истражување за потребите на младите во  општините Старо Нагоричане,Пробиштип и Чашка. Главна цел на дебатите е разгледување на предлог-мерките кои се произлезени од истражувањето како и дефинирање на сет од мерки за секоја општина. Од сетот на мерки кои ќе бидат дефинирани, трите општини ќе бидат директни корисници на шест пилотирани мерки кои директно ќе се насочени кон подобрување на состојбата на младите кои живеат во овие општини. Мерките ќе се имплементираат од страна на граѓанските организации кои работат во истите општини, а ќе се финансираат преку грантови од проектот.

     На јавната дебата учествуваа претставници од Општина Старо Нагоричане кои работат на полето на креирање младински политики, претставници од граѓанските организации, како и млади луѓе од општината.

    Проектот исто така предвидува формирање на три заеднички форуми составени од претставници на општините, граѓанските организации и млади луѓе кои ќе бидат фокусирани кон дефинирање и следење на имплементација на локалните мерки.

    Проектот го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.