Се одржа комеморација за Момчило Јовановски
Во општина Куманово денеска се одржа комеморативна седница во чест на поранешниот градоначалник Момчило Јовановски.

Пред семејството, роднините и пријателите зборуваше градоначалникот Зоран Дамјановски, кој истакна дека Јовановски како прв човек на градот се залагал за работна дисциплина, организација и одговорност за успешен развој на градот.
„Со неговото заминување остана длабока празнина кај сите нас. Семејството изгуби сопруг, грижлив родител и сакан дедо и добар пријател, а сите ние изгубивме човек кој остави длабока неизбришлива трага во градот во кој што се роди, живееше и го градеше со својата сестрана ангажираност.Секогаш беше присутен меѓу своите сограѓани, со секого имаше топол човечки однос и како таков ќе го паметат кумановци. Горди сме што го имаве и неговио лик и дело ќе остане во трајно сеќавање и вечно ќе го паметиме, - изјави Дамјановски.
Јовановски од 1982-1986 беше претседател на Собранието на општина Куманово.
Почина завчера на 85 годишна возраст, а погребот беше извршен вчера на Градските гробишта во Куманово .