×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа комеморација за Жаклина Божиновска

    09.08.2016 10:00 | KumanovoNews

    Форумот на жените на СДСМ денеска одржа комеморативна седница за трагично загината членка Жаклина Божиновска.

    Се одржа комеморација за Жаклина Божиновска

    Пред најтесното семејство, роднини, пријатели, колеги и членови на СДСМ, за посветеноста на Божиновска во општинската организација, а пред се во форумот на жените на СДСМ, зборуваше регионалната координаторка на жените Марина Алексовска.

      Беше непосредна, весела, со широка насмевка и желба за дружење.Со неверојатен оптимизам им приоѓаше на нерешливите ситуации и со трпение ги решаваше. Ја сакаше вистината, еднаквоста и правдата. Прераното згаснување на нејзиниот живот за сите нас значи голема загуба. Семејството изгуби грижлива мајка, пожртвуван родител, добар брачен другар  и ќерка. Во работниот колектив беше вреден и почитуван работник, активист и борец за остварување на социјадемократските идеи. Сите заедно изгубивме добар другар, пријател, хумана личност целосно вклучена во општествено политичкиот живот во градот. Горди сме што ја имавме меѓу нас. Нејзиниот лик секогаш ќе остане во трајно сеќавање, -истакна Алексовска.  

     Жаклина Божиновска е родена на 1 октомври 1973 година во Куманово. Работеше во ЈП „Чистота и зеленило„ и беше координаторка на жените во м.з. Б.И Гојчо. Мајка е на едно дете. Божиновска загина на обиколницата во големото невреме што го зафати скопскиот регион. Погребот е денеска во 15 часот на Градските гробишта во Куманово.