×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа марш за родова еднаквост

    08.03.2016 14:05 | KumanovoNews

    По повод празникот на жената, денеска во Куманово се одржа марш за родова рамноправност.

    Се одржа марш за родова еднаквост

    Дваесетина жени претставнички на невладини организации, прошетаа низ центарот на градот со цел да ја анимираат јавноста, пред се младите за разликите во еднаквоста меѓу мажите и жените.

    Дел од пораките се однесуваат на право на еднакво платена работа, учество во јавниот живот и политиката, 40 градоначалнички места наместо 4,  13 министерски места, наместо две, на еднакво учество во распределба на функциите коишто сега се на ниско ниво од 14 проценти во државните и јавните власти од кои 10 проценти се директорки на градинки, основни училишта. Тоа покажува дека жените се предодредени да се грижат за семејството и домашните обврски што не е лошо, што нам жените ни е гордност, но  треба да оствуваме и својата друга општествена, социјална и економска обврска во општеството и да бидат на рамноправно ниво со мажите, - изјави Оливера Доцевска, организаторка на маршот.

    Иницијатор за одржување на маршот е организацијата Јустиција и се одржува втор пат по ред.