Се одржа руска поетска вечер
„Шепотот на руските поети„, посветена на руска поезија и музика синоќа се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.

Вечерта беше посветена на творештвото на Сергеј Есенин и Александар Сергеевиќ Пушкин. Средношколците и останатите љубители на поезијата, имаа можност да слушнат стихови за татковината и љубовта.
Децата се одалечуваат од поезијата, поинтересно е да се седи во кафуле и да се слуша друг тип на музика кој сега е актуелна, за разлика од класичната музика која некако стана демоде. Целта ни е да се слушне вистинска поезија, музика“, - изјави Оливера Трајковска културен соработник.
Стиховите од двајцата руски поети ги интерпретираа Тина Трајковска, Благој Мишев и Оливера Трајковска.
За музичкото интермецо со познати руски композитори се погрижи Марко Митковски.