Се пошумуваше Стрезовце и Спомен костурницата
На Спомен костурницата во Куманово денеска се спроведе акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„.

„Локалната администрација подржана од ЈП „Чистота и зеленило“ денеска се приклучи на оваа локација, која е многу значајна за градот. Ќе отпочнеме со оплеменување на овој простор и денеска ќе засадиме 50 садници, а ќе продолжиме и во наредниот период„- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Градоначалникот ги повика граѓаните да ја чуваат животната средина бидејќи јавното претпријатие не може да стигне да исчисти, доколку граѓаните создаваат диви депонии на секој чекор во градот.
Во Република Македонија денеска се спроведува 18. по ред акција „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина„. Граѓаните на Куманово покрај на Спомен костурницата денеска пошумуваат и во селото Стрезовце на површина од 90 хектари.