×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се прочистува списокот за субвенции на стечајците

    15.03.2016 14:23 | KumanovoNews

    Во здружението на стечајни работници УНИТ во тек е постапката за обновување на документацијата за субвенционирање на трошоците за вода, смет и градскиот превоз во Општината Куманово.

    Се прочистува списокот за субвенции на стечајците

    Прочистувањето на списоците започна на 1 март а ќе трае до крајот на месецот.

    На секои 6 месеци се врши проверка и ја обновуваме документацијата, затоа што доаѓа до промени меѓу членството. До сега оваа бенифиција ја имаа 960 стејачци, 10-ина кои ќе одат во пензија но имаме старо-нови стечајни работници кои ќе ги вметнеме на списокот и бројка ќе остане иста- изјави Лилјана Георгиевска, УНИТ.

    Кумановските стечајци се единствени во државата што имаат одредена помош од Општината. Иако имало иницијатива оваа мерка да се примени и во другите градови немало одзив.

    И во Струмица е градоначалник од СДСМ, но за жал ги нема овие бенефиции, таму се покриени со пакети со храна.Јас можам да кажам дека на годишно ниво најмалку 500 евра ни спасуваат за комуналии и 500 за превоз, тоа е голема помош за нас, како што немаме ниту денар во џеб„ - додава Георгиевска.

     Откако ќе се комплетираат списоците ќе се достават во Секторот за социјална заштита при Општина Куманово.