×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструираат тротоарите во центарот на Куманово

    16.02.2016 11:52 | KumanovoNews

    Се реконструираат тротоарите во централното градско подрачје во Куманово, информираат од секторот за урбанизам во општината.

    Се реконструираат тротоарите во центарот на Куманово

    Реконструкцијата стартуваше на едната страна на тротоарите на улицата „Народна Револуција“ од влезот на булеварот „Трета МУБ“, па се до зградата на поранешен комитет. Ќе бидат опфатени 3.400 метри квадратни површина од кои 2.850 се тротоари, а 552 квадрати е асфалт меѓу зградите на оваа локација.

    Реконструкцијата веќе е во тек последниве два дена. Се надеваме дека градежните активности, согласно временските услови ќе завршат за помалку од еден месец - кажа Момчило  Јовановски, помошник раководител во секторот за урбанизам во општина Куманово.

    Работите ги изведува компанија од Липково, а за реконструкцијата на тротоарите во градот ќе бидат потрошени 4.375.000 денари од општинскиот буџет. Следен за реконструкција е тротоарот пред основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.