Се судриле автомобили на „Тоде Думба“ и „Биљановска“
14.03.2016 09:34
| KumanovoNews
На крстосницата на улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“ се судриле „хонда“ со бугарски таблички и кумановска „тојота авенсис“.

Во сообраќајката повредени се возачот на тојотата С.К.(48) и сопатничката од хондата, кои се пренесени во кумановската болница.
Откако им е укажана прва помош пуштени се на домашно лекување. Бугаринот Ј.А.Л.(30) поминал без повреди. Полицијата изврши увид и работи на откривање на околностите под кои се случила сообраќајката.