Мени

Се запали автомобил на „Анѓа Ранковиќ“

05.11.2015 10:11 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден автомобил горел на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во населбата Перо Чичо.

Се запали автомобил на „Анѓа Ранковиќ“

Територијалната противпожарна единица Куманово го гаснела пожарот од

17.10­ до 17.45 часот, со едно возило и 5 пожарникари. Причината за појава на пожарот и материјалната  штета засега се непознати.