Се запали цинкова прашина во ФЗЦ
31.05.2016 10:04
| KumanovoNews
Цинкова прашина која се ослободува во процесот на производството, вчера се запалила во кругот на Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ Куманово.

Пожарот избувнал во 10.30 часот и со брза интервенција на пожарната единица за 40 минути огинот е изгаснат.
Неколку часа подоцна, како последица на горењето на цинковата прашина се запалил и оџакот во фабриката. Од 14.32 до 15.06 часот со 1 возило и 5 пожарникари пожарот е изгаснат.