Се запали хотел Кристал
27.06.2016 09:38
| KumanovoNews
Пожар избувна во зградата на поранешен хотел Кристал пред половина час.

Екипи на противпожарна заштита се на терен и го гаснат пожарот.
Од она што може да се види на лице место пожарот го зафатил последниот кат од зградата. Причината и материјалната штета дополнително ќе се утврдува.